ТАКЕР ГО ИЗДАДЕ: Путин сака компромис со Украина?
Новинарот Такер Карлсон откри што му кажал рускиот претседател Владимир Путин во неформален разговор по интервјуто.
Карлсон кој неодамна го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека рускиот лидер сака да „излезе од војната“ и дека е подготвен за „сериозен компромис“ во однос на Украина.
На Самитот на светските влади во Дубаи, како што пренесува украинскиот портал Страна на својот канал Телеграм, Карлсон рекол дека по интервјуто имал неформален разговор со Путин.
„Путин сака да излезе од оваа војна. Нема да станат поотворени за преговори ако војната трае подолго. Индустрискиот потенцијал на Руската Федерација се покажа многу посериозен отколку што мислевме. Земјата што ја нарекувавме „бензинска пумпа со нуклеарно оружје“ произведува проектили и гранати за разлика од НАТО“, рекол новинарот.
Путин му рекол на Карлсон дека сака со преговори да стави крај на конфликтот во Украина. Тој рекол дека Украина одлучила да ги одбие преговорите со Русија според инструкциите на Вашингтон и дека сега САД мора да ја исправаат таа грешка.
Интеврјуто поттикна многу реакции.
Инаку, екс рускиот олигарх Михаил Ходорковски рече дека Путин кажал 12 лаги во интервјуто.
фото: EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT
