Тајванската телевизија објави дека Кинeзите нападнале, но се работеше за грешка
Во Тајван се прошири погрешна информација дека Кина ја нападнала земјата.
Телевизиска станица поддржана од тајванската влада се извини и ги повика луѓето да не паничат откако објави дека Кина го нападнала Тајпеј, пишува Нова. Во вестите телевизијата прикажала предупредување за воени бродови и критична инфраструктура наводно погодени од кинески ракети.
Водителката рекла и дека предупредувањата биле наменети за вежбање на противпожарната служба во Њу Тајпеј Сити во вторник, но ги прикажале во средата наутро поради техничка грешка. Претходно, Тајван го подигна нивото на подготвеност откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Откако почна војната во Украина, светот стравува од нови војни во регионите кои се ранливи и каде има тензии.
фото: твитер/принтскрин