Тајните служби на Украина ќе истражуваат како загина министерот на МВР
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги задолжи тајните служби да ги истражат причините за вчерашната хеликоптерска несреќа, во која загинаа 16 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.
Причината за несреќата во средата наутро и натаму останува непозната, а во меѓувреме Зеленски вети дека ќе го разјасни инцидентот.
Тој изјави дека министерот и неговиот заменик Евген Енин не се политичари кои „лесно можат да се заменат“, и посочи дека „ова е навистина голема загуба за државата“.
Покрај 16-те загинати, 30 преостанати лица се повредени во несреќата во предградието на Киев, Бровари. Меѓу жртвите има и три деца.
Во меѓувреме началникот на украинската полиција, Ихор Клименко, е именуван за вршител на должноста министер за внатрешни работи на Украина
Слично
