Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАЈНАТА НА ТРАГЕДИЈАТА: Индонезискиот авион експлодирал пред падот?

ТАЈНАТА НА ТРАГЕДИЈАТА: Индонезискиот авион експлодирал пред падот?

Авионот на компанијата „Ер Азија“, кој падна во Јаванско море пред две седмици во Индонезија, веројатно експлодирал пред падот во вода поради големите промени на воздушниот притисок, изјавил денеска еден висок претставник во Џакарта.

„Според анализите, засновани врз пронајдените остатоци и останати сознанија, авионот имал експлозија пред ударот во вода“, изјавил Супријади, коориднаторот на индонезиската Национална агенција за потрага и спасување.

Тој рекол дека левата страна од авионот се распаднала, што укажува на промена на притисокот која можела да предизвика експлозија.

Нуркачите од Индонезија на површината ја извлекоа една од двете црни кутии од авионот која на 28 декември падна во Јаванско море со 162 патници и членови на екипажот.

Нуркачите сега трагаат за делот на црната кутија кој ја содржи аудио снимката на разговорот на пилотите. Апаратите на црните кутии вчера се локализирани на околу 30 метри длабочина на Јаванско море, во остатоците од авионот, но невремето ја запрело потрагата .

Слично

Поврзани вести