„Тајмс“: Турција убива жени и деца
Најмалку осум Сиријци, од кои повеќето жени и деца, се убиени од турски граничари, додека бегале од војната во татковината, пишува британскиот „Тајмс".
Групата се обидела да помине во Турција по илегален пат, преминувајќи ги планините во западниот дел на границата со Сирија, но била пречекана со пукање од граничарите.
„Тие убиваат невооружени луѓе. Меѓу настраданите имаше девојче со прострелна рана, но не можевме да направиме ништо за неа. Возрасните кои ја придружувале, беа исчезнати. Веројатно исто така се убиени "- коментира Абдмунем Кашкаш, адвокат од Алепо, кој успеал да ја премине границата и да стигне до ЕУ.
По договорот со ЕУ, сириските бегалци се соочуваат со две можности, да бидат застрелани или вратени во Сирија, пишува „Тајмс“.
