Тајланд прогласи воена состојба долж границата со Камбоџа, стотици цивили се евакуирани
Тајландските власти прогласија воена состојба во осум гранични области со Камбоџа, по најнасилните судири меѓу двете земји по повеќе од една деценија. Воената состојба стапи на сила веднаш, според Апицарт Сапрасерт, командант на воената гранична стража во покраините Чантабури и Трат.
Министерството за природни ресурси и животна средина на Тајланд затвори шест заштитени подрачја по должината на границата, вклучувајќи национални паркови и резервати за диви животни во покраините Убон Рачатани, Сисакет и Сурин. Дневниот весник „Нејшн“ објави дека околу 600 чувари се евакуирани од ризичните области.
Преку границата, стотици камбоџански цивили побараа засолниште во комплексот на будистичка пагода во покраината Оддар Минчи, бегајќи од борбите во близина на спорна област со антички храмови.
Евакуираните цивили моментално живеат под импровизирани засолништа направени од пластични фолии, потпирајќи се на храната и водата што ги донеле со себе.
Двете земји се спорат околу погранична област.
