Тајланд и Германија – ветени земји за тие што сакаат преселба и работа во странство!
Барате добри пријатели и финансиска сигурност, но исто така немате ништо против да сте опкружени со палми и плажи со бел песок!? Тогаш Тајланд можеби е местото што го барате. Земјата од Југоисточна Азија е прва, според последното истражување на HSBC, како најдобра земја за странските работници , особено кога станува збор за населување , интегрирање и наоѓање на пријатели.
Кина , Сингапур , Индија и Тајван исто така, спаѓаат во првите десет 10 , додека Малезија ( 20 ) Индонезија ( 31) и Виетнам (32 ) влегоа во првите 50 земји. Рангирањето, кое се прави шеста година по ред, се изработува врз основа на анкета меѓу 7 000 странци од речиси 100 земји во целиот свет.
Кога станува збор за економијата, Тајланд ( 4 ) Индонезија ( 6 ) и Сингапур ( 9) се рангираат меѓу најдобрите места за живеење за странските работници. Пониските трошоци и потенцијалот за повисоки примања сепак го прават Тајланд едно од најпрофитабилните места за странци, додека Виетнам и Индонезија се рангираат високо на листата поради тоа што обезбедуваат најдобрите можности за кариера .
Токму добрите пакети обезбедени за вработените и повисоките приходи на домаќинствата ја претворија Азија во дом на највисоко платени странски службеници во светот. Најголем дел од нив , кои заработуваат над 250 000 долари годишно , се во Индонезија ( 22% ) , Јапонија ( 13% ) и Кина ( 10% ) . Во последниве години , економскиот раст во Азија е меѓу највисоките во светот , а многу нови економии од Југоисточна Азија привлекуваат се поголем број странски функционери , кои бараат подобри шанси за кариера.
„Низ годините гледаме како најдобри услови за странските службеници се преместуваат на Исток кој е во развој , а сега и целосно развиените региони како што се Блискиот Исток и Азија стануваат се повеќе популарни меѓу странските функционери ", вели Дин Блекбурн , кој го предводи истражувањето.
Освен што обезбедува финансиска стабилност , Азија се покажа и како најпосакувана дестинација за оние кои бараат повисок стандард на живеење. Тајланд ја предводи листата како добро место за стекнување пријателства и добар социјален живот. Испитаниците имаат заеднички став дека за нив е лесно да се навикнат на локалната храна и култура , а 60% од нив изјавиле дека животот во Тајланд им е дозволува здраво да се хранат .
Тајланд исто така го зазема високото место меѓу дестинациите барани поради подобар финансиски статус. Речиси 80 % од учесниците во истражувањето изјавиле дека расположливите приход им се зголемени , откако се преселиле во земјата .
„Поради безброј тропски плажи и острови , рестораните од светска класа и модерната инфраструктура , културните атракции и релативно атрактивните комплетни трошоци за живот, тешко дека Тајланд ќе биде надминат од друга држава , " вели 46 -годишниот Нил Рол , кој се преселил од САД во Тајланд пред 12 години .
„Не жалам ни за момент дека сум донел одлука да се преселам тука " , вели за WSJ .
Една од областите во кои Азија не котира добро е семејниот живот . Странските службеници со деца ја посочиле Германија како најдобро место за живот со деца во странство . Франција , Белгија и Шпанија , исто така, спаѓаат во рангирањето бидејќи нудат добра комбинација на евтини училишта и високо квалитетни градинки.
Слично
