ТАЈКУНИТЕ СЕ ВРТАТ ПРОТИВ ПУТИН: Испливаа детали од напнатиот состанок со рускиот претседател: ЌЕ ИЗГУБИМЕ СЕ
Иако анкетите во Русија покажуваат дека јавноста силно ја поддржува „специјалната воена операција“ што руската војска ја спроведува повеќе од два месеци во соседна Украина, некои членови на руската елита, особено оние кои се збогатија пред да дојде актуелниот претседател Владимир Путин на власт, тие почнаа да зборуваат против руската инвазија, пишува Вашингтон пост.
Многумина од нив во тие не премногу гласни говори сепак се фокусираа на сопствените проблеми. Санкциите наметнати од Западот кон Русија се како нова железна завеса и поради нив руските тајкуни не можат да пристапат до десетиците милијарди долари што ги имаа пред војната во Украина.
„За еден ден уништија работи што се градеа со години. Тоа е катастрофа“, рече еден бизнисмен кој беше поканет на средба со претседателот Путин на денот кога започна инвазијата.
Белата куќа им донесе уште лоши вести на руските олигарси во четвртокот кога објави предлог да се продадат нивните блокирани средства на отворен пазар, а заработените пари да и се дадат на Украина.
Најмалку четворица олигарси кои се збогатија за време на мандатот на претходникот на Путин, Борис Елцин, веќе ја напуштија Русија. Најмалку четворица високи функционери поднесоа оставки и ја напуштија земјата. Меѓу нив беше и Анатолиј Чубаис, специјален советник на Кремљ за одржлив развој и водач на приватизацијата во времето на Елцин.
Другите високи функционери неопходни за функционирање на државата не тргнаа по неговите стапки. Некои не можат да заминат дури и да сакаат. Во таков „затвор“, на пример, е и гувернерката на Централната банка на Руската Федерација, Елвира Набјулина. Таа ја понуди својата оставка откако Западот воведе санкции кон Русија, но Путин одби да ја прифати.
Неколку руски милијардери, високи банкари, високи функционери и поранешни функционери рекоа дека Путин ги измамил и чувствувале дека не може врз него да влијаат, бидејќи во тесниот круг на неговите најблиски соработници доминирале грст тврдокорни од безбедносниот сектор. Незадоволни од нивните јавни настапи на оваа тема досега, тие беа прилично воздржани и се фокусираа главно на прашањето за одговорот на Русија на санкциите. Никој од нив директно не го критикуваше Путин.
Владимир Лишин, лидерот на еден од четирите најголеми производители на челик во Русија, го критикуваше предлогот да се принудат странците да плаќаат исклучиво во рубљи за суровини. Лишин во разговор за московски весник рече дека усвојувањето на тој предлог ќе доведе до „протерување“ на Русија од меѓународните пазари. Владимир Потањин, сопственик на компанијата за ископ на никел и паладиум Норникел и еден од архитектите на приватизацијата што се случи во Русија во 1990-тите, предупреди дека предлозите за запленување на имотот на компаниите кои ја напуштија Русија поради војната ќе ја уништат довербата на инвеститорите. Бизнис магнатот Олег Дерипаска ја нарече војната во Украина „лудило“ и предвиде дека економската криза што ја погоди Русија поради санкциите ќе биде полоша од онаа што ја погоди земјата во 1998 година. Покрај тоа, тој тврдеше дека економската политика на Путин не резултирала со раст на руската економија и платите на нејзините граѓани. Тој исто така рече дека Русија ќе се „срами“ од војната во Украина уште долго време, но додаде дека за тоа е подеднакво виновен и Западот.
Еден од учесниците на средбата на 37-те најбогати руски бизнисмени и Владимир Путин, која се одржа неколку часа по почетокот на војната во Украина, изјави дека многумина од нив се шокирани и депресивни.
- Никогаш досега не сум ги видел толку шокирани. Некои не можеа да зборуваат - рече друг учесник на истата средба.
Додека го чекаа Путин да дојде на состанокот, а го чекаа повеќе од два часа, сфатија дека нивните деловни империи, кои ги граделе повеќе од 30 години, многу брзо ќе пропаднат.
– Некои велеа „сè изгубивме“ – рекол еден од нив.
Меѓутоа, кога дојде Путин, не го критикуваа. Тие не се осмелија. Рускиот претседател им порача дека нивната земја ќе остане дел од меѓународните пазари. Тоа ветување се покажа како лажно. Тој додаде дека нема избор и дека мора да нареди „специјална воена операција“.
Одлуката на Путин ги шокираше другите членови на руската елита - технократите и некои припадници на безбедносните служби.
