Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипините опустошени од Хаијан, штетите се огромни

Филипините опустошени од Хаијан, штетите се огромни
Индексот на Филипинската берза падна за 3% - до минимално ниво, oткако најсилниот тајфун Хаијан ја погоди земјата. Инвеститорите продадоа акции за околу 2 милијарди филипински пезоси ( 45.9 милиони долари ) , соопшти агенцијата Bloomberg , пренесува ИТАР -ТАСС . Акциите на најголемата банка на Филипините денеска паднаа за 3,6 отсто, што е најсилен пад на вредноста. Освен тоа тајфунот веќе нансе штети на економијата од околу 14 милијарди долари , наведуваат светските агенции. Тајфунот Хаијан предизвика многу поплави и лизгање на земјиштето и практично го уништи крајбрежниот град Таклобан со население од 220 илјади луѓе . Вчера филипинските власти соопштија дека од стихијата се повредени над 2,1 милиони семејства , односно околу 9.53 милиони жители меѓу кои и 600.000 раселени лица. Според последните податоци, од Хаијан на Филипините загинале над 1.700 лица. За денеска филипинскиот претседател Бенино Акино прогласи елементарна непогода со цел да ги забрза активностите за обновување на земјата. „ Ве уверувам дека во следните денови помошта ќе пристигнува побрзо. Единствено ги повикувам луѓето да бидат смирени, да се молат и да си помагаат меѓусебе. Тоа се единствените начини за да се надмине оваа трагедија“, истакна Акино кој посочи дека побарал да бидат донирани 25 милиони долари за обнова на земјата од штетите, а 22 држави веќе испратиле помош. Само ден претходно заменик- генералниот секретар на ОН за координација на хуманитарните прашања Валери Амос им вети на властите во земјата дека ќе ја добијат целата потребна помош .
Слично

Поврзани вести