Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАИ и Сааб потпишаа спогодба за производство на првиот турски авион-ловец

ТАИ и Сааб потпишаа спогодба за производство на првиот турски авион-ловец

Турската државна компанија за авијациско-вселенска индустрија и шведската компанија Сааб потпишаа спогодба за производство на првиот турски авион-ловец, пишува англиското издание на турскиот весник „Хуриет дејли њус“.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неколку пати досега напоменуваше дека е неопходно Турција самостојно да произведува воена техника за сопствените вооружени сили, по што турските власти ги почнаа преговорите со Сааб.

Турција, според весникот, планира да произведе сопствен авион ловец до 2023 година.

Во моментов авијацискиот парк на турските воено-воздухопловни сили е составен претежно од американски авиони ловци Ф-16, кои се склопуваат во фабрика на ТАИ во Анкара, како и ловци Ф-4. Турција исто така планира од САД да купи сто ловци од новата генерација Ф-35.

Слично

Поврзани вести