Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАЕН ДОКУМЕНТ ОТКРИВА: Русите се далеку воено поспремни од НАТО

ТАЕН ДОКУМЕНТ ОТКРИВА: Русите се далеку воено поспремни од НАТО

Во воените операции во Сирија, Русите покажале подобри резултати, отколку од воените напади на Алијансата.

Иако НАТО испратиле повеќе авиони, сепак руските вооружени сили биле попрецизни и поефикасни, пишува германскиот весник Фокус, повикувајќи се на таен аналитички извештај на организацијата.

Па така,40 руски ловци во Латакија вршат околу 75 мисии дневно со „прецивен и ефикасен напад” врз позициите на ИСИС. Воените сили на НАТО пак, со 180 авиони дневно уништуваат 20 мети.

Русија во Сирија ја користи најсовремената техника: на пример, Москва во Латакија испрати четири авиони Су-35, кои според проценките на експертите ги надминуваат можностите на повеќето западни авиони.

Германскиот весник пишува дека воената подготвеност на Русите се должи на на одличната обука на пилотите и моќта на авионите.

Аналитичарите на Алијансата истакнуваат дека токму руската операција ги натерала терористите на Исламска држава да се повлекуваат од окупираните територии и да ја прекинат жестоката „демонстрација на сила“.

Слично

Поврзани вести