Таџикистан урна мост долг 36 метри во регионот Баткен во Киргистан
Армијата на Таџикистан разнесе дел од автопатот во Киргистан.
Тоа е патен мост долг 36 метри во регионот Баткен во Киргистан, објави прес-службата на киргистанското Министерство за транспорт и врски. Забележано е дека мостот ги поврзувал бреговите на реката Ак-Су.
На седмиот километар од автопатот Кок-Таш-Аксај-Тамдик, на делот од патот Дача-Чајхана, таџикистанската војска разнесе 36-метарски мост – пренесува „ТАСС“.
Претходно претседателите на Киргистан и Таџикистан, Садир Јапаров и Емомали Рахмон се договориле за повлекување дополнителни сили од границите меѓу земјите.
Најмалку 24 луѓе загинаа во судирите на спорната граница меѓу Киргистан и неговиот централноазиски сосед Таџикистан, а во киргистанската област Батек е прогласена вонредна состојба. Министерството за вонредни ситуации на Киргистан соопштило дека повеќе од 136.000 цивили се евакуирани од зоната на конфликтот, пренесе Интерфакс.
