Таџикистан распоредува 20.000 војници на границата со Авганистан
Таџикистан мобилизира 20.000 војници на границата со Авганистан.
На седницата на Советот за национална за безбедност на Таџикистан е разгледано прашањето за осигурување на безбедноста во пограничните области на земјата, поради неповолната политичка ситуација во соседен Авганистан.
Претседателот Емомали Рахман нареди посебно внимание да се посвети на обезбедувањето на мирот на границата, вклучувајќи ги и спречувањето на транснационалниот криминал, тероризам и трговијата со дрога.
Талибанците во последните денови зазедоа големи области во Авганистан и сега контролираат 70 проценти од границата со Таџикистан. Но, и градот Панвеј, во областа Кандахар. За време на битките над 1.000 припадници на авганистанската полиција и армија пребегаа во Таџикистан, а десетици се заробени.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно му вети помош на претседателот на Таџикистан, Емомали Рахман, како билатерално, така и во рамките на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ).
Со повлекувањето на американската војска, авганистанските копнени безбедносни сили најверојатно ќе се соочат со сериозни проблеми поради недостиг од воздушна поддршка.
