Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таблетите и смартфоните ја дигнаа добивката на Леново

Таблетите и смартфоните ја дигнаа добивката на Леново
Кинескиот производител Lenovo најави 36% раст на профитот за четвртина од јули до септември , поради зголемена продажба на таблети и смартфони. Чистата добивка на компанијата изнесува 220 милиони долари. Продажбата на мобилни уреди пак е двојно зголемена од истиот период минатата година. Поради падот на продажбата на персонални компјутери и лаптопи во светот Lenovo се фокусира на мобилни уреди , наведува Би Би Си. " Lenovo не само што останува најголемата компанија за компјутери во светот , но веќе е и четврта по продажба како на таблети, така и на паметните телефони во светот и продолжува забрзано да расте " , коментира извршниот директор Иан Јуанцин . Според него, компанијата очекува и раст на пазарот на компјутери. Околу 40 % од приходите на Lenovo се од кинескиот пазар .
Слично

Поврзани вести