ТАБЛЕТАТА ПАКСЛОВИД НА ФАЈЗЕР ОДОБРЕНА ЗА ЛЕКУВАЊЕ КОВИД: Таблетата ќе се дава на ризични пациенти над 12 години
Антивирусниот лек
Паксловид е одобрен од страна на Американската агенција за лекови (ФДА) за итна употреба
против Ковид-19, што е првото првото лекарство во светот кое добива зелено
светло за борба против пандемијата, и може да им овозможи на милиони пациенти
да добијат третман.
„Ова одобрување обезбедува ново средство за борба против Ковид-19 во важен момент за пандемијата, кога се појавуваат нови соеви“, наведе Патриша Кавазони, функционерка во ФДА.
Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години, наведува американската агенција. Антивирусниот лек Паксловид ќе може да се зема и во домашни услови со цел да спречи тешки форми на болеста.
Слично
