Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАА Е СОГРАЃАНКА НА ПУТИН: Ќе оди во затвор затоа што пеела песни против Кремљ

ТАА Е СОГРАЃАНКА НА ПУТИН: Ќе оди во затвор затоа што пеела песни против Кремљ

Руска тинејџерка повторно ќе оди во затвор поради песни против Кремљ. 

Дијана Логинова, која има 18 години е улична музичарка, која веќе помина речиси еден месец во затвор поради изведување песни што го критикуваат Кремљ, а вчера е осудена на дополнителен притвор во случај за кој активистите за човекови права велат дека го покажува обемот на воената цензура.

Таа е членка на бендот Stoptime и беше уапсена минатиот месец во нејзиниот роден град Санкт Петербург. Девојката веќе беше приведена двапати откако настапи во центарот на вториот по големина град во Русија, каде што изведуваше преработки на песни напишани од критичари на Кремљ.

Судот во Санкт Петербург вчера одлучи да ѝ изрече уште 13 дена затвор за „нарушување на јавниот ред“. Гитаристот на бендот и нејзиното момче, Александар Орлов, исто така доби дополнителни 13 дена затвор од истиот суд.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести