ТАА Е ПРВА ДАМА КАНЦЕЛАР ВО ИСТОРИЈАТА НА АВСТРИЈА: Која е привремената наследничка на Курц
Откако владата на Австрија му изгласа недоверба на канцеларот Себастијан Курц, австрискиот претседател Александер Ван дер Белен одлучил да ја именува Бриџит Бирлајн, претседателка на Уставниот суд за преодна канцеларка.
-Таа е актуелна претседателка на Австрискиот уставен суд и неа ќе ја именувам за канцелар на Република Австрија-навел претседателот Ван дер Белен во соопштение.
Владеачката коалиција меѓу Народната партија на Курц и екстремно десничарските Слободарски партии (ФПО ) се распадна после објавата на видео снмка во која се гледа како водачот на ФПО Хајнс Кристијан Штрахе како наводно нуди вносни договори на руски инвеститор, така наречена афера Ибица.
Бирлајн е претседателка на Австрискиот уставен суд од февруари 2018 година. Таа на претседателот на државата ќе му предложи состав на преодниот кабинет и ќе биде прва жена канцеларка во историјата на Австрија.
Foto: EPA / Christian Bruna
