Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО за омикрон: Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме

СЗО за омикрон: Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме

Омикрон е многу пренослив сој на коронавирусот, но од Светската здравствена организација (СЗО) порачаа дека луѓето не треба да паничат. 

Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан денеска изјави дека појавата на новата варијанта не е добредојдена,  но додаде и дека светот е многу подобро подготвен со оглед на развојот на вакцините. 

„Колку треба да бидеме загрижени? Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме, бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година“, рече Сваминатан.

Овој сој наскоро може да биде доминантен во Европа. 

Поради омикрон, 2.000 луѓе во Швајцарија се во карантин. 

Слично

Поврзани вести