Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО ЗА ГАЗА: Израелците влечеле, соблекле и претепале лекар

СЗО ЗА ГАЗА: Израелците влечеле, соблекле и претепале лекар

Израелци принудиле лекар да клекне, му се заканувале, го влечеле, соблекле и претепале.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО),  Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека е загрижен поради долготрајните проверки на конвоите со медицински материјали во Појасот Газа и притворањето на здравствените работници откако таков инцидент доведе до смрт на критично болен пациент.

Гебрејесус рече дека мисијата предводена од СЗО во болницата Ал-Ахли во Газа, израелските сили ја запреле двапати во саботата на контролниот пункт Вади Газа. Тоа се случило на пат кон северна Газа и на враќањето. Тој додаде дека израелските сили привеле некои вработени од Палестинската Црвена полумесечина. 

Според шефот на СЗО, израелските сили привеле некои здравствени работници и ги испрашувале неколку часа. Поради притворот починал еден пациент,

„Персоналот на СЗО видел како еден од нив бил принуден да клекне под закана со пиштол, а потоа бил одземен од видното поле, каде што наводно бил малтретиран, тепан, соблекуван и претресен“, се наведува во соопштението.

На 18 ноември шест лица беа приведени за време на мисијата предводена од СЗО за пренесување на пациенти од болницата Ал-Шифа. Четири од тие луѓе остануваат во притвор. Палестинската терористичка група Хамас на  7 октомври го нападна Израел и оттогаш има воени дејствија во Газа. 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел оцени дека ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофална, апокалиптична“ и дека уништувањето е сразмерно „уште поголемо“ од она во Германија за време на Втората светска војна.

foto Twitter

Слично

Поврзани вести