Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО свика седница, ќе решава за судбината на ковид-пандемијата

СЗО свика седница, ќе решава за судбината на ковид-пандемијата

Светската здравствена организација на средба закажана на 27 јануари ќе одлучува дали пандемијата со Ковид-19 се уште претставува глобална здравствена закана.

Ова го соопшти СЗО три години откако првпат беше прогласена пандемијата како глобална состојба.

Комитетот за вонредни состојби ова го побара од генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Првиот човек на организацијата треба да ја донесе конечната одлука дали епидемијата претставува така наречена вонредна состојба за  јавното здравје од меѓународно значење, што е највисоко ниво на тревога за СЗО.

Релевантни познавачи претходно истакнаа дека можеби е прерано да се прогласи крај на вонредната фаза на пандемијата со Ковид-19 поради зголемениот број на инфекции во Кина


Слично

Поврзани вести