Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО советува земјите да не се опуштаат со олабавување на мерките

СЗО советува земјите да не се опуштаат со олабавување на мерките

Пандемијата е во многу опасна фаза, велат од Светската здравствена организација (СЗО). 

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вели дека во сегашната ситуација, единствениот излез е да се поддржат земјите во фер дистрибуција на опрема за лична заштита, тестови, третман и вакцини. 

„Иако постигнавме напредок во контролирање на пандемијата, таа сè уште е во многу опасна фаза“, рече тој, пренесува ТАСС.

Шефот на службата за итни случаи во Светската здравствена организација, Мајкл Рајан денеска ги повика земјите да бидат крајно внимателни при укинување на епидемиолошките ограничувања со цел „да не ги изгубат постигнатите резултати”.

Досега во светот се регистрирани 183.934.913 случаи на коронавирус, а бројот на починати е 3.985.022. Делта сојот многу брзо се шири во Португалија. Земјата во изминатите 24 часа пријавила повеќе од 3.000 нови инфекции, за прв пат од февруари. На повидок се нови рестрикции. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести