Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО: Состојбата во Европа се подобрува, но во светот се влошува

СЗО: Состојбата во Европа се подобрува, но во светот се влошува

Состојбата со коронавирусот се влошува. 

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус, изјави состојбата се подобрува во Европа, но глобално се влошува.

Бројот на нови случаи е зголемен и во Африка. Зголемување на новозаразените лица е забележано во делови од Источна Европа и Централна Азија.

„Во изминатите неколку дена, дневно се пријавуваат повеќе од 100.000 нови случаи, а во недела дури 136.000. Скоро 75 отсто од новите случаи во недела се од 10 држави, претежно во Северна и Јужна Америка и Јужна Азија“ – вели тој.

Директорот на СЗО рече дека најголемата закана е предвремено опуштање.

Повикува на активен мониторинг. 

Во светот има 7 милиони заразени, и 400.000 починати од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести