СЗО соопшти лоши вести: Расте и нееднаквоста на пристапот до вакцините
Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керхове, изјави дека смртноста од вирусот корона повторно се зголемува на глобално ниво.
Според неа, зголемувањето се должи на зголемениот број на заразени лица ширум светот. Зголемувањето на растот на пациентите е делумно последица на ширењето на варијантата што првпат се појави во Велика Британија, а сега циркулира во многу други места, вклучително и во Источна Европа.
"Во последната недела, видовме мало зголемување на смртните случаи низ целиот свет, а тоа можеше да се очекува и поради зголемувањето на бројот на заразени луѓе. Тоа е загрижувачки знак", рече таа.
Друг експерт на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека секое ублажување на епидемиолошките мерки треба да вклучува строга контрола на инфекцијата и високо ниво на вакцинација. Тој додаде дека само вакцинацијата не е доволна.
Светот на работ на морален колапс
„Нееднаквоста во пристапот до вакцината ковид-19 меѓу богатите и сиромашните земји расте и станува гротеска“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, предупредувајќи дека светот може да остане заложник на вирусот со години.
"Во јануари, предупредив дека светот ќе се најде на работ на морален колапс ако не обезбеди еднаква дистрибуција на вакцината. Имаме можност да го избегнеме тој неуспех, но шокантно е колку е направено досега, рече Гебрејезус на прес-конференција.
Тој посочи дека јазот помеѓу бројот на вакцини во богатите земји и оние што земјите ги примаат преку Ковакс се продлабочува и станува се повеќе гротеска секој ден.
Оваа година, меѓународниот систем Ковакс, основан од СЗО, има намера да обезбеди вакцини за 20% од населението во речиси 200 земји и територии, а исто така има и механизам за финансирање за 92 најсиромашни земји.
„Земјите кои вакцинираат помлади, здрави луѓе денес, кои се изложени на мал ризик од инфекција, го прават тоа на штета на животот на здравствениот персонал, старите лица и ризичните групи во други земји“, рече директорот на СЗО.
"Најсиромашните земји се прашуваат дали навистина богатите го мислат она што го зборуваат кога споменуваат солидарност. Нелојалната дистрибуција на вакцините не е само морална навреда, туку е и економски и епидемиолошки самоуништувачка", рече Гебрејезус.
Извор: агенции