СЗО си оди од Русија?
Можно е затворање на регионалната канцеларија на Светската здравена организација (СЗО) во Русија.
Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа денеска донесе резолуција што може да резултира со затворање на регионалната канцеларија на СЗО во Русија и откажување на состаноците. Резолуцијата е поради руската инвазија на Украина. Резолуцијата е усвоена со 43 гласа „за“, три „против“ и два воздржани, а беше поддржана од Украина и од Европската унија. Рускиот пратеник Андреј Плутницки се спротивстави на резолуцијата и рече дека е „екстремно разочаран“. Многу интернационални компании ја напуштија Русија откако таа ја нападна Украина.
Слично
