Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО: Се додека коронавирусот се шири и мутира, нема време за опуштање

СЗО: Се додека коронавирусот се шири и мутира, нема време за опуштање

Нема одмор додека Ковид-19 не биде поразен, велат од Светската здравствена организација. 

СЗО долгорочно нема оптимистични прогнози. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, вели дека на светот му се заканува појава од нови вируси, поопасни од актуелната пандемија на Ковид-19. Тој изјави дека многу земји и здравствени системи направиле многу против овој вирус, но се додека истиот се шири и мутира, нема време за опуштање.

„Јасно е дека ќе се појави нов вирус, потенцијално посмртоносен и позаразен“, порача Гебрејсус.

Реагира затоа што повеќе од 75 отсто од сите вакцини се распределени во само 10 држави ширум светот.

Во светот има повеќе соеви на коронавирусот. Индискиот сој веќе го има во Унгарија. Откриен е кај луѓе кои не патувале во странство. 

Во светот досега се регистрирани над 169 милиони случаи на коронавирус. 

Слично

Поврзани вести