СЗО предупредува: Не е време Европа да се отвори
Европското тло е се уште епицентар на
пандемијата со Ковид-19. Бројот на починати се наближува кон 100.000 луѓе,
заради што Светската здравствена организација предупреди дека се уште не е
момент за олабавување на мерките.
- И покрај „охрабрувачките знаци“, бројот на случаи во Европа речиси двојно се зголеми во последните десет дена, достигнувајќи скоро еден милион. Европските лидери да не го „спуштаат гардот“ и да обезбедат контрола на епидемијата пред да бидат укинати ограничувањата, наведува СЗО.
Од почетокот на избувнувањето на пандемијата, за само 4 и пол месеци бројот на заразени веќе надмина 2 милиона луѓе, а речиси 150.000 починаа.
Слично
