Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО повикува верските собири да се организираат само надвор и во помали групи

СЗО повикува верските собири да се организираат само надвор и во помали групи

Во периодот на религиозните празнувања што претстојат, Светската здравствена организација објави препораки за организирање верски собири во Европа.

Во земјите каде што вирусот се шири повеќе, како можност треба да се земат предвид виртуелните собири, одложувања или намалувања на овие групи.

Во тековниот месец се слави Велигден и според двата календари,  од 13 април до 12 мај трае муслиманскиот месец на пост Рамазан, а истовремено Евреите го имаат Пасха.

„Во земјите каде вирусот се шири повеќе, треба да се разгледаат виртуелните собири, да се одложат или да се намалат во големина“, напиша СЗО во изјавата за Европа за верските прослави напролет, пренесува Хина.

Општо, „сите верски церемонии треба да се одржуваат надвор, ако е можно, или да се намалат по обем и времетраење“, препорачуваат од таму.

„Уште подобро е ако се слави само со членови на домаќинството“, вели СЗО, предупредувајќи дека треба да се избегнува секој контакт во случај на симптоми и карантин.

Што се однесува до собирите во затворени простории, СЗО потсетува дека тие се „особено опасни, дури и помалите“, затоа што се собираат членови на различни домаќинства.

„Во неколку земји од европскиот регион на СЗО, кој вклучува педесетина земји, вклучувајќи ја Русија и неколку земји од Централна Азија, „бројот на заразени расте и во оваа фаза на пандемијата не смееме да се откажеме од претпазливост“, соопшти организацијата.



Слично

Поврзани вести