Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО повика да се спречи ширењето на делта сојот

СЗО повика да се спречи ширењето на делта сојот

Светската здравствена организација (СЗО) повика да се спречи ширењето на делта сојот на коронавирусот. 

Овој сој доминира во Европа, а СЗО бара зајакнување на напорите за да се спречи преносот.   Делта ојот ќе стане доминантен во следниве месеци на глобално ниво и веќе е регистриран во скоро сите европски земји. Таа ќе продолжи да се шири и ќе ги истисне од циркулација другите соеви. Регионалниот директор на СЗО Европа, Ханс Клуге изјави дека сме далеку од прогласување крај на пандемијата на коронавирусот. Делта сојот „косеше“ во Индија, а сега на удар се повеќе европски земји, каде бројот на заболени расте, а рестрикциите се враќаат. 

Подолг интервал помеѓу две дози на вакцината Фајзер е решение за делта сојот. Тоа му помага на имунолошкиот систем да создаде повеќе антитела, покажа британско истражување.

Се стравува дека во зима ќе има и нови соеви. 

foto unsplash

Слично

Поврзани вести