СЗО ПО ДОЛГО ВРЕМЕ СО УБАВА ВЕСТ: Помалку новозаразени во последните три недели, вирусот може да се контролира
Бројот на
новозаразени со Ковид-19 во светски рамки се намалува трета недела по ред,
соопшти Светската здравствена организација. Генералниот директор на СЗО, Тедрос
Аденом вели дека ова е доказ дека е можно да се контролира вирусот, иако се
појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко растојание, покривање
на лицето и одржување на хигиена.
Истовремено посочува дека светот веќе бил во слична ситуација и дека не е време за опуштање.
– Во текот на изминатата година, имаше моменти кога во скоро сите земји бројот на регистрирани случаи се намалуваше. Мерките за претпазливост беа олабавени, а потоа вирусот ќе продолжеше да беснее, истакна тој.
Вели дека дури и кога ќе заврши имунизацијата треба да бидат применувани превентивните мерки.
– Контролирањето на ширењето на вирусот придонесува за спасување животи и ги намалува шансите за појава на нови видови. Исто така, помага дејството на вакцините да биде поефикасно, рече тој.
