Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО одобри уште една вакцина за борба против коронавирусот

СЗО одобри уште една вакцина за борба против коронавирусот

Светот доби уште една вакцина против коронавирусот. 

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри за итна употреба вакцината на индискиот производител Барат Биотек. СЗО информира дека придобивките од употребата на Коваксин „далеку ги надминуваат ризиците“ и дека вакцината е „исклучително погодна за земјите со низок и среден приход поради лесните услови за складирање“. 

Индискиот регулатор за лекови ја одобри употребата на Ковакцин во јануари, уште пред да биде завршено опсежното тестирање кај луѓето.  До средината на октомври се употребени повеќе од 110 милиони дози од вакцината во Индија.

Коваксин, која има ефикасност од околу 78 проценти, е седма вакцина одобрена од СЗО, по  вакцините на АстраЗенека, Фајзер/Бионтек, Џонсон и Џонсон, Модерна, Синофарм и Синовак. Во светот над 5 милиони луѓе починаа од вирусот. 

СЗО укажува дека во Европа веќе петта недела по ред расте бројот на заболени. Стапката на инфекција со коронавирус е највисока во Европа, која објави 192 заразени на 100.000 луѓе. Потоа следат Северна и Јужна Америка, кои имаат околу 72 нови случаи на 100.000 жители. 

Најголемо намалување има на Блискиот Исток, каде бројот на новозаболени е намален за 12 отсто и во Југоисточна Азија и Африка, каде што бројот е намален за девет отсто. 

Слично

Поврзани вести