Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО објави дека се намалува бројот на заразени и починати од коронавирусот

СЗО објави дека се намалува бројот на заразени и починати од коронавирусот

Бројот на новозаразени со коронавирусот во светот доста се намали во однос на минатата недела. 

Како што објави Светската здравствена организација (СЗО), за 17 отсто се намалил бројот на инфицирани, а за 7 отсто бројот на починати. 

Бројот на нови случаи е намален во сите шест региони на СЗО, освен во источниот Медитеран, кој забележа скок од 36 отсто. Има посебен пораст во Авганистан, Иран и Јордан. Во Европа бројот на заболени е намален за 7 отсто, а во Северна и Јужна Америка намалувањето е 36 отсто.

Омикрон стелт е откриен во над 50 држави. 

Премногу е рано да се предвиди клиничката слика на скришниот омикрон.

Слично

Поврзани вести