СЗО нема прецизен одговор дали е потребна трета доза на вакцина
Не е јасно дали треба трета доза вакцина против коронавирусот, велат од Светската здравствена организација.
Во изјава доставена до Си-Ен-Ен, Фајзер/Бионтек објави дека имунитетот на луѓето почнал да слабее шест месеци откако се имунизирани. Фајзер/Бионтек вчера соопштија дека планираат да побараат од американските и европските регулатори да одобрат довакцинација со трета доза, врз основа на докази за зголемен ризик од зараза шест месеци по вакцинацијата и поради ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот. Таа прво е идентификувана во Индија, а сега се шири во Европа, при што на удар се Франција, Италија, Шпанија, Португалија. СЗО претходно порача дека државите не треба да брзаат со олабавување на мерките.
foto freepik
