СЗО: Нема никакви последици од медицинската марихуана
По долгогодишни испитувања Светската здравствена организација (СЗО) објави дека медицинската марихуана не предизвикува никаква штетни последици врз здравјето на луѓето, одноно нема никакви несакани појави кај пациентите кои земале ваков вид на терапија за најразлични состојби.
Активниот канабиноид ЦБД во медицинската марихуана не влијае штетно на здравјето, туку е полезен за лекување епилепсија и во палијативната нега. Состојката ЦБД не е ниту опасна, ниту предизвикува зависност.
– Зголемен е интересот на американските сојузни држави за употреба на канабисот во медицински цели, вклучувајќи ја и палијативната нега. Како одговор на тој зголемен интерес СЗО во последните неколку години собра силни докази за медицинската употреба и нуспојавите од канабисот и неговите состојки. Новите докази собрани со испитување на животни и луѓе покажуваат дека употребата на канабисот има терапевтски ефект на епилептични напади и поврзани состојби, стои во извештајот.
Најголемиот светски извор на информации за медицинска марихуана, компанијата Лифлај објасни дека ЦБД за разлика од ТХЦ не е психоактивна состојба, а има потенцијал за примена во лекувањето на многу состојби и болести.
– Постојат докази дека ЦБД може да има невропротективни, антиифламаторни и аналгетски својства, и потенцијална терапевтска вредност во лекувањето на пореметувања како што се депресија, анксиозност и зависност, наведува Лифлај (Leafly).
Се поголем број на држави во светот носат одлуки за легализирање на марихуаната за медицински цели со точно утврдени правила и начини на препишување на пациентите од страна на медицински лица. Во Македонија засега се легализираше употребата на масло од канабис, но само еден производител го нуди на пазарот.
