СЗО: Нема докази за инциденти предизвикани од вакцината на „Астразенека“
Засега нема докази за инциденти предизвикани од вакцината на „Астразенека“, велат од Светската здравствена организација.
Британскиот премиер Борис Џонсон, претходно, истакна дека вакцината против Ковид-19 на „Астразенека“ е безбедна и дека британската Влада е сигурна во нејзината употреба.
СЗО соопшти дека ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19, но засега нема докази дека некои здравствени проблеми се предизвикани од вакцината. Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, вели дека препораките ќе бидат јавно објавени откако ќе добијат целосен увид во настаните.
„Важно е кампањата за вакцинација да продолжи, за да можеме да спасуваме животи и да го запреме сериозното ширење на вирусот“, рече Линдмаер.
Германија, Франција и Италија се приклучија на листата на земји кои засега нема да ја употребуваат вакцината на „Астразенека“. Германската влада соопшти дека прекинува со употреба поради појава на случаи на згрутчување на крвта.
foto freepik
