Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО: Нема докази дека тие кои прележале имаат имунитет

СЗО: Нема докази дека тие кои прележале имаат имунитет

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека се уште нема докази дека луѓето кои прележале Ковид-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат.

Во денешното соопштение на СЗО се предупредува да не се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобрувања за враќање на работа на луѓе кои го прележале Ковид-19, затоа што со тоа се продолжува ризикот од ширење на коронавирусот.

Чиле минатата недела најави дека планира да воведе „здравствени пасоши“ и да ги издава на луѓе кои се излекувале од коронавирусот.


Слично

Поврзани вести