Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО: Не смееме да го пуштиме вирусот слободен за да развиваме имунитет на стадо, тоа е етички проблематично

СЗО: Не смееме да го пуштиме вирусот слободен за да развиваме имунитет на стадо, тоа е етички проблематично

Светската здравствена организација смета дека е незамисливо да се дозволи слободно циркулирање на Ковид-19 за да се постигне колективен имунитет.

„Никогаш во историјата на јавното здравство не бил користен имунитет на стадото како стратегија за одговор на епидемија, а уште помалку пандемија. Тоа е научно и етички проблематично“, рече на пресконференција генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебреисус.

„Слободно ослободување на опасен вирус, што не го разбираме целосно, е спротивно на етиката. Тоа не е опција“, вели тој.

„Огромен број на луѓе во повеќето земји се подложни на зараза со вирусот. Серолошките истражувања сугерираат дека помалку од 10 проценти од популацијата е заразена во повеќето земји“, објасни Тедрос.

Тој исто така додаде дека не се знае доволно за имунитетот на оние кои биле заразени со Ковид-19 и истакна дека некои се заразиле повторно.

„Повеќето луѓе заразени со вирус развиваат имунитет во текот на првите недели, но не знаеме дали станува збор за постојан и силен имунитет или е различен од личност до личност“, додаде тој.

Слично

Поврзани вести