СЗО не повикуваат да се откажеме од месото, туку да го ограничиме
Експертите на Меѓународната агенција за онколошки истражувања, кои ја предупредија јавноста дека обработеното месо може да предизвика рак, „не побарале откажување од конзумирање на месото“, туку „истакнале дека намалувањето на употребата на ваквите производи може да го намали ризикот од рак на ректумот“. Ова го објави во соопштението Светската здравствена организација.
На 26 октомври Меѓународната агенција за онколошки истражувања соопшти дека „обработеното месо било класифицирано како канцерогено за луѓето“. Според нивната проценка, „50-грама порција обработено месо, ако се зема секојдневно, го зголемува ризикот од колоректален рак за 18%“. Експертите на СЗО исто така не ја исклучуваат опасноста од појава на малигни форми на простатата и на панкреасот.
Добиените резултати ги потврдуваат сегашните препораки да се ограничи потрошувачката на месо, изјавил директорот на Меѓународната агенција за онколошки студии д-р Кристофер Вајлд.
Заедно со тоа, тој признал дека не треба да се негираат и корисните хранливи својства, со кои се одликуваат месните јадења.
