Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО: Лошо реагиравме во сузбивањето на еболата!

СЗО: Лошо реагиравме во сузбивањето на еболата!

Светската здравствена организација (СЗО) призна дека лошо реагирала на епидемијата на ебола во Западна Африка, а помеѓу останатите, како причини ги наведува некомпетентниот персонал и недостаток на информации.

Во интернет документот до кој дошла агенцијата АП, СЗО наведува дека експертите морале да увидат дека традиционалните методи на сузбивање на зараза нема да функционира во регионот со пропаднати системи на здравствена заштита.

Агенцијата пренесува дека и нејзината бирократија е проблем - шефовите на СЗО во поедини канцеларии во Африка се „политички именувани“ .

Докторот Питер Пиот, кој е еден од луѓето кои го откриле вирусот на ебола, се согласил дека СЗО пребавно реагирала воглавно поради своите канцеларии во Африка: „Тие ништо не направиле“. Тие канцеларии не се компетентни.“. Пиот исто така го постави прашањето зошто на СЗО му требале пет месеци и 1000 мртви пред да ја прогласи еболата меѓународен проблем.

Слично

Поврзани вести