СЗО колбасите, сланината и шницлите ќе ги прогласи за канцерогени
Светската здравствена организација наводно планира да ги прогласи сланината, колбасите и другите месни преработки за канцерогени намирници.
Црвеното месо исто така ќе биде прогласено за „можен предизвикател на канцер кај луѓето“, пишува британски Дејли меил.
Се очекува СЗО во понеделник да соопшти дека преработените месни намирници ги става во категоријата на алкохолот и цихарите.
Земјоделците и месната индустрија изразија загриженост поради можното влијание кое таквата одлука ќе го има на пазарот.
Бетси Бурен од Северноамериканскиот институт за месо изјавила: „Ако објават дека црвеното месо и преработки предизвикуваат рак, а ќе го направат тоа. тоа силно ќе одекне и ќе бидат потребни децении и милијарди долари додека да се промени таквото гледиште.
