СЗО: Ќе патуваат во Кина за да го идентификуваат зоо изворот на Ковид-19
Експертите на Светската
здрватсвена организација ќе патуваат во Кина за да работат заедно со
нивните кинески колеги за да подготват научни планови со кои ќе го овозможат идентификувањето на животинскиот извор на вирусот
САРС-КОВ-2, соопштија на последниот
прифинг од СЗО.
Според нив, искуствата покажуваат дека идентификувањето на потеклото на вирусните заболувања се покажа комплексно во минатите епидемии во различни земји.
-Добро планираната серија научни истражувања ќе ги унапреди сознанијата за резервоарите на вируси кои ги содржат животните и начинот на кои тие се пренесуваат на луѓето. Целиот процес може да доведе до натамошно меѓународно научно истражување и соработка на глобално ниво, информираат од СЗО.
Слично
