Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО кажа кога ќе заврши корона кризата

СЗО кажа кога ќе заврши корона кризата

Кризата со Ковид-19 ќе помине за помалку од две години. 

Светската здравствена организација се надева дека кризата со опасниот вирус ќе поминe за помалку од две години. 

Ова го соопшти денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус.

„Сега нашата ситуација е таква што имаме повеќе технологија, но со поголемата поврзаност вирусот има поголеми шанси да се прошири, може да се движи побрзо“, посочи Гебреисус.

Тој додаде дека шпанскиот грип што се појави во 1918 година траше две години.

Во светот со новиот коронавирус инфицирани се 22.986.700 лица, од кои 799.294 починале, а оздравеле 15.614.808 луѓе.

Германските виролози Кристијан Дростен и Хендрик Штрик минатиот месец зборуваа за можноста новиот коронавирус еден ден да стане безопасен патоген. 


Вирусот ќе остане со нас трајно, но може да стане обична настинка. Ова, сепак, тие веруваат, може да се случи за неколку години, а не за месеци.

Слично

Поврзани вести