Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО кажа дали е време да се ослободиме од маските

СЗО кажа дали е време да се ослободиме од маските

Државите сами да одлучат за носење или неносење маски, велат од Светската здравствена организација (СЗО). 

Директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан на денешниот брифинг со новинарите порача дека секоја земја треба сама да донесе одлука за употреба на заштитните маски по разгледувањето на интензитетот на пренесувањето на инфекцијата на коронавирусот на своја територија и нивото на имунизација.

СЗО соопшти дека треба да се земат предвид локалните услови при одлуките на државите да им дозволат на вакцинираните граѓани да не носат заштитни маски на јавни места.

Американскиот Центар за контрола на болести вчера дека вакцинираните луѓе не мора да носат маски на отворено, како и во повеќето затворени простори. Во Македонбија носењето маски засега е задолжително. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести