Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО ЈА ОДОБРИ СИНОВАК, СЕ ЧЕКА ОДГОВОР И ЗА СПУТНИК V: За Германија е неприфатливо одложувањето на руската вакцина од политички причини

СЗО ЈА ОДОБРИ СИНОВАК, СЕ ЧЕКА ОДГОВОР И ЗА СПУТНИК V: За Германија е неприфатливо одложувањето на руската вакцина од политички причини

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба и вотората кинеска вакцина Синовак, соопштувајќи дека податоците за ефикасноста и безбедноста на вакцината кои биле доставени до експертите на СЗО покажале дека половина од оние кои примиле две дози од таа вакцина не развиле симптоми на ковид-19. Сепак, СЗО наведува дека многу мал број луѓе постари од 60 години биле вклучени во студијата и не може да процени колку е ефикасна вакцината за оваа популација.

Одобрението на СЗО значи дека вакцината е вклучена во меѓународната програма за дистрибуција на вакцини КОВАКС, која е поддржана од ОН, и е наменета првенствено за сиромашните земји. Во минатиот месец СЗО ја одобри и вакцината на кинеската компанија „Синофарм“.

Што се однесува пак до руската вакцина Спутник V, таа се уште подлежи на евалуација, иако веќе две земји членки на Европската Унија, прво Унгарија, па сега и Словачка, ја одобрија и ја користат во имунизацијата против Ковид-19. За Германија е неприфатливо одложувањето на одобрувањето на руската вакцина од политички причини.

-Брисел мора да ја одобри руската вакцина Спутник V што е можно поскоро за да го задржи европскиот „мотор“ за вакцинација, изјави Маркус Зодер, премиер на германската покраина Баварија, додавајќи дека одложувањата од политички причини се неприфатливи.

Европската агенција за лекови (ЕМА) го анализира рускиот производ уште откако официјално ја  започна својата контрола во март. И покрај тоа што не е регистрирана од блокот, две земји на ЕУ, Унгарија и Словачка, веќе еднострано увезуваат и започнаа да ја користат вакцината. Австрија исто така сигнализираше дека може да купи дози од оваа вакцина.

И додека се чекаат одговорите на ЕМА и СЗО, германските политичари се едни од најгласните кога станува збор за одобрување на Спутник V. Шефот на источногерманската покраина Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, неодамна повика на брзо одобрување на вакцината, заедно со градоначалникот на Берлин, Михаел Мулер и баварскиот премиер Зодер.

Според шефот на германската Агенција за вакцини, Томас Мартенс, Спутник V, е  „паметно развиена“ вакцина, а во оваа насока шефот на германската фармацевтска

компанија „Бионорика СЕ“, Мајкл Поп, за РТ изјави дека тој самиот ќе биде вакциниран со руската вакцина. 

Слично

Поврзани вести