Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО изрази загриженост поради стапката на инфекција која е на највисоко ниво

СЗО изрази загриженост поради стапката на инфекција која е на највисоко ниво

Стапката на инфекција со коронавирус e речиси на највисоко ниво, велат од Светската здравствена организација. 

Бројот на нови случаи за една седмица е скоро двојно зголемен на глобално ниво во последните два месеци. 

„Бројот на новозаразени и смртни случаи продолжува да расте со загрижувачки стапки“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој е загрижен за можноста за многу поголема епидемија во Папуа Нова Гвинеја, поради што од витално значење за таа земја е да добие што е можно побрзо вакцини против коронавирусот.  Досега се пријавени повеќе од 9.300 случаи на коронавирус и 82 смртни случаи во земјата. Во Европа пак има над 1 милион починати. Секоја минута по 160 луѓе во Европа се заразуваат со вирусот.

Слично

Поврзани вести