Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО има нова теорија за потеклото на коронавирусот

СЗО има нова теорија за потеклото на коронавирусот

Јазовците и зајаците го шират коронавирусот меѓу луѓето, велат од  Светската здравствена организација. Ова е нивната нова теорија. 

Веруваат дека јазовците и зајаците би можеле да играат важна улога во пренесувањето на новиот коронавирус на луѓето на пазарот во градот Вухан во Кина. Експертите инсистираат на тоа Кина да направи масовно тестирање на своите фарми со ласица откако во Европа е потврдено двонасочно пренесување на вирусот помеѓу луѓето и овие животни. Тимот на СЗО минатата недела ја заврши посетата на Кина. Според нив,  мали се шансите дека коронавирусот избегал од лабораторија, односно дека е создаден од човек. Најмалку 2.441.926 лица починале од коронавирус во светот досега. 

Претставничката на СЗО, Марија ван Керкове, оцени дека не е време за опуштање пред пандемијата, иако бројот на новозаболени лица опаѓа низ целиот свет и е најниска стапка на инциденца од средината на октомври 2020 година.

Таа додаде дека оптимизмот во врска со излезот од кризата, исто така, го намалува ширењето на нови варијанти на вирусот, како и сомнежите во ефикасноста на вакцините.

foto freepik

Слично

Поврзани вести