Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО И ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: Вакцините се помалку ефикасни против Омикрон, Џонсон и Џонсон може да се прима и како бустер

СЗО И ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: Вакцините се помалку ефикасни против Омикрон, Џонсон и Џонсон може да се прима и како бустер

Прелиминарните докази укажуваат дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и трансмисии поврзани со Омикрон варијантата на коронавирусот, која има поголема способност за реинфекција, соопшти денеска Светската здравствена организација.

СЗО наведе во неделниот епидемиолошко ажуриран извештај дека се потребни повеќе податоци за подобро да се разбере степенот до кој Омикрон може да го избегне имунитетот стекнат со прележан Ковид-19 или со вакцините.

– Како резултат на сето ова, вкупниот ризик поврзан со сојот Омикрон останува многу висок, се додава во извештајот.

Истовремено, Европската агенција за лекови денеска соопшти дека вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ може да се користи како засилувачка доза два месеца по примената на првата доза.

-Комитетот на ЕМА (CHMP) заклучи дека засилената доза на вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ може да се земе најмалку два месеца по првата доза кај луѓе на возраст од 18 години и повеќе, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се даде и како засилувачка доза по две дози на вакцините „Фајзер“ или на „Модерна“. 


Слично

Поврзани вести