СЗО ГО ВКЛУЧИ АЛАРМОТ: Европа мора да го забрза процесот на вакцинација
Светската здравствена организација смета дека процесот на вакцинација во Европа е
исклучително бавен и побараа да се забрза производството на вакцини, особено
поради фактот што вирусот може да направи следни мутации кои ќе бидат многу
позаразни.
„Континентот мора да го забрза процесот на производство, да ги отстрани административните бариери, и да го искористи секој фармацевтски погон, се наведува во соопштението на д-р Ханс Клуге, директор за Европа при СЗО.
Клуге посочува дека едвај 10% од жителите во Европа ја примиле првата доза, а само 4% се целосно вакцинирани.
Бројката на новозаразени ширум Европа падна под еден милион пред само пет недели, но од СЗО алармираат дека оттогаш, има 1,6 милиони нови случаи и речиси 24.000 починати.
