Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО ГИ ПОВИКУВА БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ: Не пристапувајте веднаш кон вакцинација на децата, донирајте вакцини на посиромашните земји

СЗО ГИ ПОВИКУВА БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ: Не пристапувајте веднаш кон вакцинација на децата, донирајте вакцини на посиромашните земји

СЗО апелира до владите на државите во светот да постапуваат многу внимателно кога ги олабавуваат мерките кои се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот, а шефот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан веќе предупреди дека наглото опуштање на мерките ќе доведе до зголемување на бројот на новозаразени.

-Секоја земја сега ги отстранува ограничувањата на еден или друг начин со цел да се воспостави рамнотежа помеѓу враќањето во нормален живот и потребата од контрола на вирусот. Но, преносот на вирусот ќе се зголеми кога ќе се отворат земјите, бидејќи не се сите вакцинирани и не е сигурно колку вакцинацијата го ограничува ширењето на инфекцијата.

Исто така СЗО ги предупредува богатите земји да не пристапуваат веднаш кон вакцинацијата на децата, со цел да има што помасовна вакцинација и во сиромашните земји, за што е потребно богатите да донираат вакцини. 


Слично

Поврзани вести