Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО: Еболата станува меѓународна здравствена криза!

СЗО: Еболата станува меѓународна здравствена криза!
Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи ескалацијата на ебола во Западна Африка за меѓународна здравствена криза која бара вонреден одговор за да се спречи натамошното ширење. Оваа ескалација на ебола, според податоците на СЗО е најголема во историјата и е доволно загрижувачка за на меѓународно ниво да се прогласи вонредна здравствена состојба. На државите во кои се шири ебола им се предлага веднаш да воведат општа вонредна состојба и да забранат јавни собири за да се намалат можностите за ширење на опасниот вирус. Повеќе од 1.000 луѓе во Западна Африка починаа досега од вирусот на ебола. Заболени лица од овој вирус во моментот има во шест држави во светот - Либерија, Гвинеја, Нигерија, Саудиска Арабија, САД и Шпанија. За вирусот кој e од групата на хеморагиска треска и кој предизвикува згрутчување на крвта, откажување на органите, внатрешно крварење и смрт, засега нема ниту лек ниту вакцина.  
Слично

Поврзани вести