СЗО: Две третини од случаите на Ковид-19 доаѓаат од Северна, Јужна Америка и Азија
Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека пандемијата на коронавирусот се влошува и открива нови жаришта.
Тој предупреди дека опуштањето е најголемиот непријател и апелираше сите земји во светот да спроведуваат „активен надзор“ на епидемиолошката ситуација.
„Иако се чини дека заразата во Европа се смирува, две третини од случаите на Ковид-19 доаѓаат од 10 земји во Северна и Јужна Америка, како и Азија“, изјави Гебрејсус. Официјални лица и експерти на Европската Унија вчера информираа според Гардијан, дека во наредните недели би можеле да се соочат со зголемување на бројот на новите случаи како резултат на антирасистичките протести.
Слично
